26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТесла го претстави "Model Y" со почетна цена од 39.000 долари

Тесла го претстави “Model Y” со почетна цена од 39.000 долари

Компанијата Тесла во Калифорнија го претстави “Model Y”, електричен теренец, кој ќе започне да се продава по почетна цена од 39.000 долари и ќе се соочи на пазарот со европските електрични ривали.

Шефот на компанијата Елон Маск, изјави дека малиот SUV, изграден на платформата на “Model 3”, прво ќе се појави со верзија која има досег од 482 километри по цена од 47,000 долари. Стандардната верзија која ќе биде достапна во 2021 година ќе чини 39.000 долари со досег од 370 километри.

Возилата можат да се конфигурирани да вклучуваат 7 седишта, со дополнителен трошок од 3000 долари.

Веб-страницата на Тесла нуди можност за дизајнирање и нарачување на поскапи модели со поголем досег кој ќе биде достапен следната година. За да нарачате возило потребен е депозит од 2,500 долари.

Малите теренци се најбрзо растечкиот автомобилски сегмент во САД и Кина, кои се најголемите светски автомобилски пазари.

Тесла имаше мала конкуренција во областа на седани, но пазарот на електрични теренци се загрева и планиранот модел на Тесла ќе заостанува зад Фолксваген, Ауди, Дајмлер Mercedes-Benz и БМВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП