28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Прво намалување на трошоците од 1958 година

Франција: Прво намалување на трошоците од 1958 година

fra1

Државната потрошувачка на Франција од наредната година ќе биде намалена за прв пат од 1958 година, бидејќи Париз се обидува да ги пренасочи напорите на полето на штедење со раст на даноците.

„Секоја година од 1958 година, кога е основана Петтата Република, државната потрошувачка се зголемувала. Ова е прв пат во парламентот да предложиме намалување на потрошувачката. Тоа е структурен напор“, изјави францускиот премиер Жан Марк Еро.

Планирано е јавната потрошувачка во 2014 година да биде намалена за 1,5 милијарди евра во однос на нивото од оваа година.

Досега напорите на Париз за да го намали буџетскиот дефицит се потпираа на зголемување на даноците, меѓутоа веќе долго постојат повици да се покренат структурни реформи и да се намали неодржливата висока потрошувачка.

Премиерот напомена дека буџетското штедење нема да биде спроведено во сите владини сектори и дека буџетите на некои министерства ќе бидат зголемени, при што приоритет за владата и понатака ќе биде отварањето на нови работни места, образованието, домувањето, законодавството и инвестициите.

Брисел минатиот месец на Париз му одобри дополнително време за намалување на јавниот дефицит до границата на ЕУ од три проценти од бруто домашниот производ.

Се очекува дека Франција ќе го намали дефицитот на 3,9 проценти оваа година, 3,6 проценти во 2014 и 2,8 проценти во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП