19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Кризата го намалува и населението

Шпанија: Кризата го намалува и населението

sh1

Бројот на жители во Шпанија е намален за околу 114.000, на 46,7 милиони минатата година, бидејќи многумина ја напуштија земјата поради петгодишната криза во неа.

Заводот за статистика во Мадрид наведува дека минатата година Шпанија ја напуштиле 476,748 лице, додека 314,358 се доселиле во таа земја, пренесува агенцијата АП.

Од оние кои ја напуштиле земјата, 417,023 се странци, додава Заводот. Шпанија има 5,5 милиони странски државјани, кои се нејзини жители.

Шпанската економија беше во рецесија во поголем дел од времето во изминатите четири години, по колапсот на пазарот за недвижнини во 2008 година.

Бројот на жители во Шпанија беше зголемен речиси за една петина во декадата пред кризата, бидејќи голем број на странци во таа земја дојдоа во потрага по работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП