
Кина и Русија минатата година успеаја да ја прошират својата билатерална трговија, чиј обем надмина 100 милијарди долари, рече премиерот Ли Кечијан на денешната прес конференција.
Тој додаде дека постои голем потенцијал за соработка меѓу Москва и Пекинг не само во големите проекти и во трговијата со стоки, туку и во малите и микро претпријатија, вклучувајќи и прекуграничен е-бизнис.
Според него, тие одржуваат добри контакти во авијациската и вселенската индустрија и ја прошируваат континуираната регионална размена.
Ли Кечијан истакна дека двете земји треба да се стремат кон проширување на трговијата со стоки и услуги до 200 милијарди долари.