23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД Европа Скопје ја дуплираше добивката во 2018 година

АД Европа Скопје ја дуплираше добивката во 2018 година

Во периодот од 01.01. до 31.12.2018 година АД Европа оствари нето добивка во износ од 97.167.484 денари, која е дупло повисока во однос на претходната година.

Во 2018 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 797.503.383 денари и се зголемени за 9,8% во однос на  бруто приходите од 2017 година.

Вкупните оперативни приходи за 2018 година се зголемени за 12,3% во однос на истите во 2017 година. Останатите приходи бележат пад од 34,6%, а кај финансиските приходи падот е 54,3% во однос на 2017 година.

Вкупните расходите се зголемени за 2,7% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2018 година се зголемени за 5%, а финансиските расходи пак се намалени за 85% во однос на 2017 година.

Годишното собрание на акционери на АД ЕВРОПА СКОПЈЕ одобри пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2017 година на износ од 34.505.100 денари односно бруто дивиденда по акција 150 денари.

Кредитната задолженост на компанијата е ниска иако има зголемување на долгорочните кредити за 81% во 2018 година наменети за инвестиции, а  нема  краткорочни задолжувања

Планот за вкупната продажба за 2018 година е остварен со 95,3%, а се очекува во целост да биде остварен во 2019 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП