Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,117.59 -0.18%    BESK 9,682.00 3%    CBNGA31 3,145.00 0%    GRNT 919.51 0.49%    KMB 5,473.29 0.17%    MPOL 377.00 -3.33%    MPT 63,165.11 0.43%    OKTA 4,802.00 -3.96%    RMDEN16 98.50 0.01%    RZLV 82.00 0%    STB 1,060.19 4.73%    STIL 119.38 -0.71%    TNB 17,109.09 0.64%    UNI 2,288.40 1.16%    ZILU 245.00 -2.51%    

Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци

Време: 15:17

Датум: март 14, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина, се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО Скопје поведе постапка против шест лица, кои се осомничени за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за седмо лице во тек е кривична постапка за „несовесно работење во службата“, бидејќи издало потврда дека тахометарот во автобусот бил целосно исправен без да ги направи неопходните проверки.

Ова го истакна јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска на прес-конференција, посочувајќи дека седумте лица се приведени и се наоѓаат во  полициска станица во Скопје и во текот на денешниот ден ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. За шесте лица за кои е отворена истражната постапка Обвинителството ќе побара притвор, а за седмото лице мерки на претпазливост.

-Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автобусот и поголемата брзина на возење над дозволената  поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри, рече Рајчев, додавајќи дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон во клучниот момент.

Првоосомничен е сопственикот на „Дурмо Турс“, кој е и управител на фирмата. Тој единствен поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во правниот сообраќај врз основа на кој сертификат е издадена лиценцата за превоз, но не го организирал превозот согласно прописите и не водел евиденција, а тоа му го препуштил на раководителот на „Дурмо Турс“ кој не поседувал сертификат.

Токму раководителот, како што рече Рајчев, е второосомничен во овој случај, со тоа што овозможил да се инсталира уредот во автобусот со кој се манипулирал технографот кој правилно не ја регулирал брзинатана на движење на автобусот.

Третиот, четвртиот и петиот осомничен се одговорни лица од фирмата за технички преглед, чиј сопственик е првоосомничениот односно газдата на „Дурмо Турс“. Тие како одговорни за технички преглед и контрола издале документација за исправност на автобусот по двата прегледи направени во јули и декември 2018 година и покрај тоа што што сопирачките не биле на потребното ниво на исправност.

Шестоосомничен, како што рече Рајчев, е возачот кој за време на несреќата се движел со 99 километри на час, а го активирал и уредот за манипулација на брзината. Истрагата на ОЈО Скопје утврдила дека возачот поради брзината изгубил контрола над автобусот, ја пробил заштитната ограда помеѓу двата правци на автопатот и пред да дојде до втората, односно да излета почнал да кочи. Вештачењето на неговиот телефон покажало оти тој не го користел мобилниот за време на несреќата, а здравствената состојба му била во ред, односно таа не влијаела на несреќата.

-Како резултат на сите пропусти на овие шест осомничени доаѓа штетната последица – 15 жртви и 39 лица со тешки телесни и телесни повреди, рече обвинителот Рајчев.

Тој посочи дека во текот на предистражната постапка до денеска биле испитани вкупно 47 лица. наведе дека од Машинскиот факултет било изготвено вештачење за функционирањето на системите во автобусот, од Електротехничкиот факултет вештачење за функционирањето на тахографот, а од Бирото за судски вештачења било изготвено сообраќајното вештачење.

Рајчев рече дека медицинско вештачење било изготвено за здравствената состојба на возачот, а од МВР било извршено вештачење во поглед на употребата на телефонот од страна на возачот за време на  несреќата. Додаде дека биле прибавени и 15 обдукции за сите починати лица и дека Обвинителството е во фаза на прибирање на целокупната медицинска документација за другите оштетени лица .

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската федерација од понеделник целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од…

  • Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Судот и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со користење на парите од фондот на Министерството за одбрана за изградба на…

  • Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека петтгодишниот рок за обнова на катедралата Нотр Дам, која беше значително оштетена во големиот пожар на 15 април, возможен…

  • Сончево со мала до умерена облачност и топло

    Сончево со мала до умерена облачност и топло

      Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните…

  • Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален дожд

    Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален дожд

    Сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и…

  • Британската влада го одложила гласањето за Брегзит во парламентот

    Британската влада го одложила гласањето за Брегзит во парламентот

    Британската премиерка Тереза Меј го одложила гласањето за новиот нацрт закон за Брегзит, кој го претставила како последна можност за излез од кризата. Текстот бил…

  • Ниви и плацови – долгорочна и сигурна инвестиција

    Ниви и плацови – долгорочна и сигурна инвестиција

    Нивите и плацовите се најдобрата инвестиција на долг рок – нивната вредност има тенденција на постојано иако постепено зголемување. Анализите на пазарот покажуваат дека недвижниот…

  • ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

    ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

    Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата “ достави пакет од 78 мерки  во функција на подобрување…

  • Тереза Меј поднесува оставка?

    Тереза Меј поднесува оставка?

    Times објави дека британската премиерка Тереза ​​Меј во петок ќе поднесе оставка. Британскиот весник не го навел изворот на оваа информација, пренесува Reuters. Times наведува…

  • Се заканува нова економска криза

    Се заканува нова економска криза

    Високиот советник на германската влада Ларс Фелд предупредил на забавување на германската економија а обрна внимание и на Италија, предвидувајќи можно преливање на проблемите и…