15 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАGoldman Sachs воведе "релаксирачки" код на облекување за помладите вработени

Goldman Sachs воведе “релаксирачки” код на облекување за помладите вработени

Goldman Sachs им воведе на вработените благ кодекс на облекување, како дел од напорите на тој гигант на инвестициско банкарство на Вол Стрит во САД, да го направи работното опкружување да биде поудобно.

Инвестиционата банка, на вработените од сите сектори им најави пофлексибилни правила на облекување, сепак, барајќи од нив да бидат разумни во модниот избор, пишува BBC.

Во 2017 година, Goldman Sachs го “олабави” кодексот на облекување за вработените во одделот за технологија со цел да го привлече најмладиот персонал. Слични потези беа направени од други банки, вклучувајќи го и J.P Morgan.

Bank of America најави дека тоа е воведување на “флексибилни правила на облекување во компанијата, поттикнати од општата промена на природата на работните места во насока на опуштена  животна средина.

“Поголемиот дел од релаксирачката облека не е погодна за секој ден и за секоја интеракција, но ние веруваме дека постојано ќе прават претпазливи одлуки во облекувањето”, се вели во известувањето.

Целта на овој потег е да се модернизираат банкарските правила за облекување и однесување со цел да се прилагодат на помладите вработени. Повеќе од три четвртини од вработените во “Goldman Sachs” се т.н. “милениуми” и генерација Z, односно се родени по 1981 година.

Внатрешен документ бил потпишан од високи банкарски службеници, вклучувајќи го и извршниот директор Дејвид Соломон. Соломон – кој од време на време настапува и како диџеј на електронска денс музика – означува нова ера во управувањето на Goldman Sachs, по 12 години управувани под “палката” на Лојд Бланкфеин.

Тој, исто така, вети поголема транспарентност во бизнисот, а банката почна да се насочува кон бизнисот со граѓаните. Највлијателната инвестициска банка во светот често е цел на критики поради улогата што ја одигра во глобалната финансиска криза и долгот во еврозоната, потсетува BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП