Во почетокот на јануари, Фејсбук започна да го тестира сервисот за бесплатни повици преку „WiFi“ и мобилниот интернет за корисниците на апликацијата „Messenger“ за „iPhone“, а првата можност за тестирање на овој производ ја имаа корисниците на социјалната мрежа во Канада.
Фејсбук најави дека оваа услуга наскоро ќе биде достапна и за корисниците на „Messenger“ во САД.
Тоа значи дека ако сте жител на Канада или САД и ако сте сопственик на „iPhone“, можете да ги повикувате дугите корисници на социјалната мрежа, користејќи „WiFi“ или мобилен интернет доколку сте во движење. Ова особено ќе ги израдува корисниците кои имаат проблеми со сигналот на мобилните телефони во домот или на работа, како и оние кои сакаат да ги зачуваат бесплатните минути или да ги намалат своите сметки за мобилен телефон.
Оние кои имаа можност да ја пробаат оваа услуга велат дека квалитетот на звукот е прилично добар и дека е на исто ниво со конкурентните услуги на „Viber“, „Vonage“ и „Skype“, кои имаат значително помала база на корисници од Фејсбук.
За сега, нема информации за тоа кога бесплатните повици ќе бидат достапни за сите Фејсбук корисници во светот.