26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит може да се одложи и за цела година

Брегзит може да се одложи и за цела година

Најџел Фараж, главниот заговорнк за референдумот за брегзит, синоќа рече дека според него британскиот излез од ЕУ би можел да се одложи за една година.

По гласањето во британскиот парламент, кој го отфрли договорот постигнат меѓу премиерката Тереза Мeј и ЕУ, Фараж рече дека политичкиот хаос во Велика Британија и претстојните парламентарни избори во ЕУ го спречуваат брзото повлекување, објави агенцијата АП.

„Да бидеме реални. Ќе добиеме нов Европски парламент. Не гледам дека новата фаза од преговорите за брегзит би можела да започне пред ноември. Затоа би рекол дека продолжувањето на излезот мора да биде за една година“, рече Фараж.

Според него, пролонгирањето за 12 месеци би можело да значи дека Велика Британија ќе може да учествува на мајските избори за Европскиот парламент.

Од друга страна, премиерката Меј и лидерите на ЕУ, доколку дојде до одложување, предвидуваат тоа да биде во многу помал рок од максимум три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП