
Во јануари годинава земјава ја посетиле 49.021 туристи, кои оствариле 102.691 ноќевање.


Во јануари годинава земјава ја посетиле 49.021 туристи, кои оствариле 102.691 ноќевање.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во однос на минатогодишниот јануари е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата за 4,3 проценти. При тоа, бројот на домашни туристи е зголемен за 2,6 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 2,7 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е зголемен за еден отсто, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 8,4 проценти.