16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската влада инвестира 10 милиони фунти за да обучи еден милион ученици...

Британската влада инвестира 10 милиони фунти за да обучи еден милион ученици на Западниот Балкан со вештини за иднината

Зголемување на можностите за вработување, подобрување на практиките во училниците

Денеска, на 30-от роденден на глобалната интернет-мрежа (world wide web), Британскиот совет ја отпочнува својата најголема образовна иницијатива во земјите од Западниот Балкан. „Училишта на 21-от век“ е амбициозна тригодишна програма, финансирана од Владата на Обединетото Кралство, што на еден милион ученици на возраст од 10-15 години ќе им помогне да развијат вештини за критичко размислување, решавање проблеми и за кодирање. Целта е да ја поттикне следната генерација иноватори и претприемачи.

Програмата „Училишта на 21-от век“ нуди образовни ресурси и менторство за обука на директорите на училиштата, наставниците и креаторите на политики. Сите основни училишта во земјите од Западен Балкан ќе добијат „Микро:бит“ уреди за кодирање, коишто ќе им помогнат на младите да стекнат нови дигитални вештини на забавен и интерактивен начин.

Сер Алан Данкан, државен министер во канцеларијата за надворешни работи и за Комонвелтот, рече:

„Во име на Владата на Обединетото Кралство и на Британскиот совет, среќен сум што програмата Училишта на 21-от век на Западниот Балкан ја започнуваме на 30-годишнината од основањето на глобалната интернет-мрежа (world wide web)“.

„Го правиме ова бидејќи сакаме да помогнеме регионот да стане попросперитетен и стабилен. Развојот на вештини за 21-от век ќе помогнат да се создаде следната генерација технолошки претприемачи и ќе помогне да се создадат повеќе работни места. И како со воспоставувањето на глобалната интернет-мрежа пред 30 години, горд сум што Обединетото Кралство игра клучна улога во овие напори“.

Елеонора Запрова, директор на Британскиот совет истакна:

„Британскиот совет во учебната 2017-18 година ја воведе оваа иницијатива како пилот-проект и добивме многу позитивните реакции од сите учесници кои беа вклучени во него. Наставниците ја потврдија важноста на примената на критичкото размислување и решавањето проблеми во наставата. Учениците пак добија поголема самодовербата при учење на кодирање. Воедно сите нагласија сека мотивацијата во училницата, тимската работа и креативноста придонеле учењето да биде забавно.

Сега, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство ќе можеме да ја реализираме оваа програма во секое основно училиште низ целата земја“. 

За да се натпреваруваат на глобалниот пазар на труд, вештини како решавање проблеми, критичко размислување, дигиталната писменост и креативноста се клучни за успех. „Училишта на 21-от век“ ги поддржува младите луѓе во развиваат овие вештини со цел да бидат покомпетентни во иднина.

 

********

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА УРЕДНИЦИТЕ:

За Британскиот совет

Британскиот совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности. Ние градиме пријателство и разбирање помеѓу луѓето од Обединетото Кралство и другите земји. Ова го правиме преку позитивен придонес во Обединетото Кралство и земјите со кои работиме – менуваме животи преку создавање на можности, градиме врски и доверба. Работиме во повеќе од 100 земји ширум светот на полето на уметноста и културата, англискиот јазик, образованието и граѓанското општество. Секоја година допираме директно до повеќе од 20 милиони луѓе и до повеќе од 500 милиони луѓе онлајн, преку емитувања и публикации. Основани во 1934 година, ние сме јавна организација од Обединетото Кралство уредена преку Кралска повелба. Во Македонија сме присутни од 1996 година. Секоја година допираме до илјадници студенти, наставници, креатори на политики, професори, истражувачи, креативци и претприемачи во нашата земја.

За програмата „Училишта на 21-от век“

Програмата „Училишта на 21-от век“ е амбициозна тригодишна образовна програма којашто ја создаде и ќе ја спроведе Британски совет, а е финансирана во износ од 10 милиони британски фунти од страна на Владата на Обединетото Кралство. На повеќе од милион ученици на возраст од 10-15 години, од земјите на Западен Балкан, ќе им се овозможи да ги развиваат вештините за критичко размислување, решавање проблеми и програмирање.

Оваа програма ја спроведуваме партнерски со релевантните образовни институции во земјите и таа им овозможува на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин. Покрај вештините за критичко размислување и решавање проблеми, децата ќе ги развиваат и вештините за програмирање и ќе имаат можност да ги вежбаат истите преку практични вежби за програмирање. Во рамките на програмата, секое училиште ќе добие одреден број уреди „Микро:бит“ – џебни компјутери на коишто децата ќе програмираат за време на часовите и со коишто ќе решаваат секојдневни проблеми.

Вештини што првенствено ќе се развиваат кај учениците на возраст од 10-15 години се:

  • Критичко размислување и решавање проблеми: самонасочено размислување од коешто произлегуваат нови и иновативни идеи и со коешто се решаваат проблеми. Учениците ќе се здобијат со способност да размислуваат критички за искуствата и процесите на учењето, како и да носат ефективни одлуки.
  • Вештини за програмирање: наставниците и децата се воведуваат во програмирањето преку кодирање со програмски блокови на уредот „Микро:бит“. Имаме за цел со овој уред да ги инспирираме младите креативно да се служат со дигиталните вештини и да развијат основни вештини за наука, технологија и инженерство. Децата ќе имаат можност да учат и „HTML“, „CSS“ и „Python“ преку создавање игри, анимации и веб-страници во училишните клубови за кодирање по часови.
  • Во следниве три години, програмата ќе ги опфати сите основни училишта, 2.000 наставници, а се очекува индиректно да влијае во подобрувањето на наставата на повеќе од 120.000 ученици во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП