Американскиот претседател Доналд Трамп предложи рекорден буџет во вредност од 4.700 милијарди долари за фискалната година која почнува од 1 октомври.
Се наведува дека предлогот кој го изнесе шефот на Белата куќа во понеделникот предвидува остро намалување на домашната потрошувачка, поголемо финансирање на Пентагон, како и 8,6 милијарди долари за ѕидот на границата со Мексико, кој Трамп сам го осмисли.
Се тврди дека челниците на Демократите веднаш го отфрлиле планираниот буџет, што според АП се најавува уште една жестока битка, само неколку недели по 35-дневната блокада на федерална влада, која беше најдолгата во историјата на САД.
Ројтерс проценува дека буџетот на Трамп “најверојатно ќе умре” во Конгресот, но ќе живее во неговата кампања за реизбор во 2020 година.