8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнег на Попова Шапка и во Маврово

Снег на Попова Шапка и во Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат.

Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен ветер се бележат на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар.Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП