
На кој вид му припаѓаат досадните луѓе од вашето работно опкружување?


На кој вид му припаѓаат досадните луѓе од вашето работно опкружување?
Ова се најчестите четири видови на луѓе кои се многу досадни, а ги има во секоја канцеларија. Прочитајте ги советите за справување со нив.
Конкурентни-оние кои ги крадат вашите проекти
Стратегија за преживување: Вратете ги во минатото така што ќе пронајдете некој проект каде што не биле толку брилијантни. Избегнувајте директни судири.
Тужибаби и оние кои постојано се жалат
Следниот пат кога ќе ви кажат: „Нема да ви успее“, прашајте ги зошто, на тој начин ќе ги принудите да бидат повеќе конструктивни и да се заинтересираат за проектот. Ако ги наведете да се ангажираат за нешто, вашата популарност ќе се зголеми.
Збунет шеф
Направете ја вашата комуникација формална. Разјаснете што се очекува од вас и инсистирајте на комуникација преку меил, за да имате и пишан доказ од се.
Озборувач
Искористете ги за добивање на важна информација. Никогаш не бидете негативни со нив, бидејќи тие се одмаздливи.