Претседателот Доналд Трамп ќе побара од Конгресот дополнителни 8.6 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико, изјавија официјални претставници за Ројтерс.
Лидерот на САД вети дека ќе изгради ѕид со цел, како што рече, да ги намали нелегалната имиграција и трговијата со луѓе и дрога.
Барањето е шест пати повисоко од она што Конгресот го додели за гранични проекти во секоја од последните две фискални години.
Противење на демократите
Демократите, кои се противат на изградбата на ѕидот, сметаат дека е непотребно и неморално, така што постои мала шанса дека ова барање на Трамп ќе помине во Конгресот, наведува Ројтерс.
Дали Конгресот ќе го усвои ова барање или не, може да помогне Трамп да ги преформулира своите аргументи за пограничната безбедност во трката за претседателските избори во 2020 година.