Секоја година се раѓаат нови производители на супер брзи автомобили, но всушност малку од нив можат да преживеат. Еве ви еден последователен пример за една марка и нејзиниот деби модел кој веројатно никогаш не сте слушнале. Во оваа колоритна галерија може да се запознаете со „Donto P1“, кој штотуку е претставен на автомобилскиот саем во Буенос Аирес.
Аргентинскиот автомобил „Donto P1“ се очекува да биде конкурент на австрискиот „KTM X-Bow“ и британскиот „Ariel Atom“. Моделот е дизајниран од страна на Лукас Лопез.
„P1“, ама не „McLaren“, туку овој на „Donto“, тежи само 630 килограми и е придвижуван од 2,0-литарски „FSI“ мотор од „Audi“ кој произведува 300 КС.
Овој автомобил е направен од микс од јаглеродни и синтетички влакна појачани со карбон полимер, додека шасијата е од нерѓосувачки челик. „Donto P1“ е долг 3850 мм, висок е 1050 мм и е широк 1920 мм. Меѓуоскиното растојание е точно 2500 мм. Аргентинскиот дебитант има 18-инчни алуминиумски тркала, потковани со гумите „Pirelli PZero“, има прилагодлив волан, „Brembo“ сопирачки и малку стакло од плексиглас.
Во случај доколку има побарувачка „Donto P1“ ќе биде пуштен во ограничена серија за Европа и другите меѓународни пазари.
Неговата цена се очекува да изнесува меѓу 42.000 и 57.000 евра.