8 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност, температури до 24 степени

Сончево со мала до умерена облачност, температури до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Под влијание на влажен и студен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓањее. Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП