4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 2 милиони деца на Филипините изложени на ризик од мали сипаници

Над 2 милиони деца на Филипините изложени на ризик од мали сипаници

Експертите предупредуваат дека околу 2,6 милиони деца на Филипините се изложени на ризик од мали сипаници, додавајќи дека од почетокот на оваа година досега од оваа болест починале повеќе луѓе отколку во текот на целата 2018 година.

Досега годинава од епидемијата на мали сипаници починало 261 дете, а најголем дел од жртвите се на возраст под 5 години, објави Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ) .

За споредба, во 2018 година имало вкупно 202 смртни случаи, што претставува пораст од 547%.

„Сосема неприфатливо е во 2019 година децата се уште да умираат од сипаници“, рече Ричард Гордон, претседател и извршен директор на Црвениот крст на Филипините.

Федерацијата сега има за цел заедно со Министерството за здравство на Филипините во следните 12 месеци да ги вакцинира сите невакцинирани деца во седум од најтешко погодените региони во земјата.

Според Руди Константино, директор на Одделот за превенција и контрола на болести на Филипините, бројот на вакцинации опаднал од 70 отсто на 39 отсто меѓу 2017 и 2018 година. Тој додаде дека тоа е резултат на скандалот од 2014 година, кога оние што ја примија новата вакцина против денга станаа поизложени на вирусот по примање на истата.

Гундо Вејлер, претставникот на Светската здравствена организација за Филипините посочи дека вакцината против мали сипаници постои со децении и овозможува речиси стопроцентна заштита од болеста, порачувајќи им на луѓето да ги вакцинираат своите деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП