25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВајдман: Построга контрола во банките

Вајдман: Построга контрола во банките

vajdman1

Висок официјален претставник на Европската централна банка (ЕЦБ), Јенс Вајдман, повика на построга и потемелна контрола на финансиската состојба на банките.

Вајдман, кој исто така е гувернер на германската централна банка, побара да биде спроведена построга контрола, пред ЕЦБ од националните регулатори да ја превземе улогата на водечки финансиски супервизор, нарекувајќи ја таа контрола повеќе од потребна се со цел подоцна да се избегнат непријатните изненадувања, пренесува агенцијата АП.

Според него, ЕЦБ ќе го процени квалитетот на кредитите и инвестициите кои ги превземале најголемите европски банки.

Од банките, за кои ќе се утврди дека имаат лоша финансиска состојба, би можело да се побара да го зголемат нивото на капитални резерви, со цел да ги избегнат потенцијалните загуби.

Ослабените банки беа клучната причина за финансиските и економски потешкотии во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП