27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата пораснала за 2.7% во 2018-та

Економијата пораснала за 2.7% во 2018-та

Македонската економија пораснала за 2.7% минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика Бруто домашниот производ во првиот квартал се зголемил за 0.9, во вториот и третиот за по 3.0% а во четвртиот квартал за 3.7% или вкупно 2.7% за цела година.

Ова е речиси во рамки на намалените проекции со ребалансот на буџетот. Владата првично проектираше раст од 3.2% но потоа го намали на 2.8%.

Гледано по сектори лани најголем раст имале уметноста, забавата и рекреацијата (18.7%), стручните, научните и техничките дејности (10.7%), трговија (9.2%).

Градежништвото се зголемило за само 0.2%, а пад од 6.6% има кај информациите и комуникациите, како и од 5.0% кај земјоделството.

Лани имало и пад на бруто инвестициите од 7.2%.

Вкупниот Бруто домашен производ односно вредноста на сите стоки и услуги произведени во земјава во 2018-та година достигнала 10.7 милијарди евра.

Во последното тримесечје од 2018-та, невработеноста падна под 20% и сега изнесува 19.4%. 185.803 лица се невработени, додека активно работат скоро 772 илјади луѓе. Невработеноста е најголема кај младите. 44% од младите до 24 години се невработени. Стапката е нешто помала кај возрасната група од 25 до 49 години (18.2%), додека невработеноста е најниска кај оние од 50 до 64 години или 15.3%.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП