20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен извоз и инвестиции очекува македонскиот владин тим од посетата на Талин

Зголемен извоз и инвестиции очекува македонскиот владин тим од посетата на Талин

peso

Презентирањето на можностите за инвестирање пред бизнисмените од Естонија минатата година даде резултати. Бизнис соработката е интензивирана, но, освен текстилот каде извозот од наша страна бележи зголемување, таргет се и останатите сектори.
Како што изјави вицепремиерот Владимир Пешевски, токму денешната посета на Талин е во таа насока, изнаоѓање нови деловни партнери во што повеќе стопански сфери и уште поголема соработка.

„Постојат доста сличности меѓу Македонија и Естонија. Се работи за земји со слична големина, за земји ориентирани кон реформите, високо рангирани на светската листа за услови за водење бизнис. Веруваме дека оваа посета ќе резултира со конкретни инвестиции или со зголемување на извозот од Македонија“, рече Пешевски по денешниот бизнис форумот во Талин.

За интензивирање на соработката, додаде, ќе придонесат и економските промотори, како и директните контакти меѓу стопанските комори.

Пешевски е дел од владиниот економски тим што го предводи премиерот Никола Груевски кој денеска во Талин ги претстави можностите за инвестирање и водење бизнис во Македонија. На форумот кој се одржа во организација на Стопанската комора на Естонија учествуваа претставници на компании од информатичко – комуникациската технологија, техничката индустрија, недвижностите, земјоделството и туризмот.

Вицепремиерот Пешевски се осврна на реформите кои се спроведуваат за намалување на процедурите и инвестициите во образованието со цел креирање на соодветна и добро образована работна сила.

„Компаниите се основаат за само четири часа, одобренијата за градба се издаваат електронски, а институциите се поврзуваат и обезбедуваат логистика за компаниите. Инвеститорите кои ќе дојдат може да очекуваат помош и од Владата и од институциите“, истакна Пешевски.

Во македонскиот економски тим се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестициин Бил Павлески, како и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП