6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на резервите: Народната Банка чува 2.8 милијарди евра!

Раст на резервите: Народната Банка чува 2.8 милијарди евра!

Народната Банка чува 2 милијарди 864 милиони и 300 илјади евра. Девизните резерви пораснале за 298 милиони евра за една година.

Според последните податоци заклучно со крајот на февруари Народната Банка располагала со 2 милијарди и 269.3 милиони евра во хартии од вредност, 257.9 милиони во монетарно злато, 333.8 милиони како валути и депозити.  Заедно со останатите помали позиции вкупната вредност на депозитите е речиси нешто над 2.8 милијарди евра.

Речиси во текот на целата измината година девизните резерви имаа тенденција на зголемување.

Девизните резерви освен во евра и американски долари се чуваат и во австралиски и канадски долари, како и во норвешки и шведски круни. Оваа практика стана поизразена пред неколку години откако се засили кризата во Евро зоната.

Според податоците на светските централни банки за повеќе од половина од девизните резерви во светот се во американски долари (63.5%). Втора, но со многу помал процент е еврото – 20%. Веднаш потоа, јапонскиот јен и британската фунта  (4.5%), канадскиот долар (2%), австралискиот долар (1.8%) и кинескиот јуан (1.1%).

Инаку девизните резерви ја гарантираат вредноста на денарот. И стојат на располагање на Народната Банка за регулирање на нерамнотежите во платниот биланс и на девизниот пазар.

Гледано по години, во 2018-та девизните резерви пораснале за 580 милиони евра, во 2017-та се намалија за 277 милиони евра, во 2016-та пораснаа за 351 милион евра, во 2015-та се намалија за 231 милион. Годините кога има зголемување се поклопуваат со издавањето еврообврзница.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП