7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари

Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари

Трошоците на живот во февруари се на истото ниво како и во јануари, а кај цените на мало има намалување за 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со февруари лани, трошоците на живот се пораснати за 1,1 процент, а цените на мало за 0,3 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека пораст има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, кај свежото и разладеното овошје, млекото, јогуртот, конзервирниот и преработен зеленчук, житата, чаденото месо, рибата и морските плодови. Намалување е забележано кај месото, јајцата, маслото, шеќерот и кондиторските производи.

Пораст во февруари има и кај течните горива за домаќинствата, парамедицинските услуги,книгите, автомобилите, терапевтските помагала и мебелот, а намалување се бележи кај авионскиот превоз, туристичките пакет-аранжмани, фотографската и кинематографската опрема, услугите за сместување и облеката и обувките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП