5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска меѓу петте земји на светот со најквалитетен воздух

Шведска меѓу петте земји на светот со најквалитетен воздух

Квалитетот на воздухот во Шведска е меѓу најдобрите во светот, покажува новиот извештај од организацијата за заштита на животната средина, Гринпис и софтверската компанија AirVisual, пренесува „Локал“.

Студијата е заснована на мерења на PM 2.5 честички во 73 земји во 2018 година и на рангирањето на земјите од најзагадениот до најмалку загадниот воздух.

Шведска е рангирана на 69-тото место, што значи дека само четири земји имаат повисок квалитет на воздухот и дека концентрацијата на PM 2.5 честички во Шведска е во рамките на упатствата на Светската здравствена организација (СЗО).

Најдобрите земји се Исланд и Финска, кои се рангирани на 73 и 72. место.

Во меѓувреме, Стокхолм е меѓу трите главни града со најдобар квалитет на воздухот.

Во рангирањето на европските градови, Бредкелен, близу до Штромсунд во регионот на Јемтланд, е рангиран на прво место, а Умеа е 14-тото најчисто место во Европа.

На глобално ниво, во извештајот се истакнува колку места имаат слаб квалитет на воздух. Секоја година околу седум милиони луѓе умираат предвреме поради загадувањето на воздухот, а PM 2.5 честичките се еден од видовите на загадување што доведоа до најголеми здравствени проблеми. Во големи количества, овие честички можат да влијаат на респираторните и кардиоваскуларните системи.

Трите земји со највисока концентрација на PM 2.5 честички се Бангладеш, Пакистан и Индија, а 18 од најзагадените градови се исто така во овие земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП