2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа за младинска подвработеност

Анализа за младинска подвработеност

Колку државата ги таргетира младите преку оперативниот план, кој е ефектот врз платата на младите од феноменот младинска подвработеност, во кои сектори и професии најчесто се појавува подвработеност, што препорачува Меѓународната организација на трудот, за адресирање на овој проблем, дали е проблемот кај бизнис секторот или кај младите или во квалитетот на дипломите на младите лица, се дел од прашањата на кои треба да се даде одговор на денешната презентација на анализата на младинската подвработеност во Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Анализата ја изготви Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје, а ќе биде презентирана во рамки на настанот „Високообразовани, а нископлатени:Вработеност на младите “.

На настанот треба да се обратат Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Даниела Зампини од Меѓународна организација на трудот, Дона Костуранова од Фондација Вестминстер, Дијана Десподов од Американска стопанска комора, и Благица Петрeски, Finance Think.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП