30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште 10 земји на "црната листа" на ЕУ

Уште 10 земји на “црната листа” на ЕУ

Европската унија додаде 10 земји и територии на листата на таканаречени “даночни раеви”, кои ќе ја зголемат оваа “црна листа”.

На состанок во среда, претставниците на ЕУ треба да ја усвојат оваа нова листа, која на 12-ти март ќе биде потврдена од министрите за финансии на Унијата, објави Ројтерс, повикувајки се на изјавата на неименуван официјален претставник на ЕУ.

На листата досега има пет земји и територии: Самоа, Тринидад и Тобаго, како и три територии на САД – Американска Самоа, Гуам и Американските Девствени Острови.

На нив треба да им се приклучат Обединетите Арапски Емирати, Оман, британската територија Бермуди, како и некои други Карибски и пацифички острови, рече истиот официјален претставник на ЕУ.

Ројтерс потсетува дека 62 земји и територии ширум светот се обврзале на усогласување со даночните стандарди на ЕУ. Од нив се бараше да ги изменат своите прописи до февруари.

Обединетите Арапски Емирати и Бермуди сеуште не го сториле тоа, но според наведените официјални претставници, ЕУ сé уште размислува дали да го продолжат овој рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП