3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова швајцарска банкнота од 1.000 франци

Нова швајцарска банкнота од 1.000 франци

Швајцарската централна банка претстави редизајнирана верзија на банкнотата со највисока номинална вредност од 1.000 франци.

Во изјавата на централната банка на Швајцарија се вели дека целосно редизајнираната верзија на банкнотата, која е помала и со тоа и полесна за ракување од претходната, која исто така вклучува и целосна безбедносна заштита, ќе биде во оптек од 13 март, објави АП.

Објаснувајќи дека таквите одлуки се прашање на политиката на централната банка, потпретседателот на Управниот одбор Фриц Цурбриг истакна дека овој потег целосно ги задоволува потребите на луѓето.

“Банкнотата од 1.000 франци се користи за плаќање, а, исто така, има функција на чување на вредноста. Готовината е се уште многу популарна во Швајцарија, тоа е културен феномен “, изјави на прес-конференција Цурбриг.

Швајцарскиот пристап на банкнотите е во спротивност со пристапот на Европската централна банка, која во 2016 година одлучи дека од јануари оваа година ќе прекине со печатење на банкнотите од 500 евра, поради загриженоста дека тие често се користат за нелегални активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП