23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle за истата работа подобро ги плаќа жените од мажите

Google за истата работа подобро ги плаќа жените од мажите

Се навикнавме да ги слушаме приказните дека жените се помалку платени од мажите за истата работа. Затоа веста која доаѓа од Google е толку интересна, бидејќи во своето сопствено истражување покажа дека мажите, софтверски инженери 4-то ниво, во просек имаат пониски плати од жените на иста позиција. Со цел да се анулира оваа разлика, Google ќе одвои 9,7 милиони долари, со цел да се изедначат платите на своите 10.677 вработени.

Google не откри за колку мажи вработени се работи, но тие рекоа дека тоа е причината зошто компанијата, за изедначување на платите ќе издвои значително повеќе пари за 2018 година, во споредба со 2017 година. Во тоа време, компанијата одвоила само 270.000 долари за 288 вработени, кои вршеле шест различни работи.

Компанијата истакна дека причината за ова зголемување на износот за изедначување на платите е бидејки тие користеле различни аналитики. Иако оваа нова аналитика е значително подетална и сеопфатна од претходната, главниот аналитичар на Google за плати, Лорен Барбато, изјави дека се уште има процеси кои не се опфатени и дека тие се обидуваат максимално коректно да ја завршат работата и дека ниту еден вработен нема да биде оштетен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП