19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие особини ги има една успешна лидерка

Овие особини ги има една успешна лидерка

Сигурно сите сте сретнале самоуверени жени низ животот. Овие жени “управуваат со просторот” и кога ќе излезат од просторијата, секој сака да знае нешто повеќе за нив. Тие обично оставаат добар впечаток и инспирираат позитивни реакции во своето опкружување.

Но, што е тоа што ги прави овие жени толку “посебни”? Што ги одвојува од толпата? Помислете на Опра Винфри, Коко Шанел, Индира Ганди или Мелинда Гејтс, овие жени имаат сила и тоа “нешто” што вас ве тера да ги “следите”.

Значи, какви се карактеристиките на овие “лидери”? Консултантката Андреа Хејстон, на профилот на Линкедин, ги разликува овие карактеристики како главни кои го идентификуваат “силниот женски лидер”:

Својата моќ ја користи за добро

Сите добри лидери се хумани. Нивниот деловен живот создава разлика во животот на другите индивидуи. Тие бараат можности да го подобрат светот околу себе. Без разлика дали го прават тоа со тоа што се ментори на други жени во нивниот тим или им помагаат да постигнат цели или се борат за човекови права, тие не се себични во споделувањето на своите таленти со другите. Поентата ја наоѓаат во тоа да им помагаат на другите, давајќи им надеж и инспирација.

Бара и добива поддршка

Никој не може сам. Постои моќ во тоа се биде ранлив – да се биде човек. Лидерите кои се заинтересирани за личен и професионален развој, кои отворено бараат и добиваат поддршка се посилни.

Никогаш не се откажува

И покрај неуспесите и загубите, силната лидерка останува позитивна. Лидерка кој знае што сака, секогаш е одлучна и не дозволува привремени тешкотии да ја спречат во постигнување на целите или да ја исполнат својата мисија. Преку потешкотиите, таа ги развива најголемите таленти што таа ги има за да влијае на животот на другите.

Таа е самоуверена

Самодовербата е верувањето дека можете да успеете, верувањето дека правите нешто добро. Луѓето сакаат самоуверени лидери затоа што обезбедуваат чувство на доверба и секој сака да следи таков лидер. Или имаш доверба или треба да ја добиете за да навистина успете.

Таа е оптимист

Повеќето луѓе не можат да следат песимистички настроен лидер. Силна, самоуверена лидерка има визија која ја исполнува останувајќи позитивна. Оптимизмот е способноста да се оди напред со надеж и самодоверба. Успешните резултати почнуваат со оптимизам.

Таа е автентична

Успешните лидерки не ги копираат другите. Попрво ќе создадат исклучителни резултати преку автентичноста и личниот стил. Овие лидерки се стремат да учат од другите, но да останат верни на себе, на своите вредности и на тоа како сакаат другите да ги гледаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП