4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе појави добитникот на американската лотарија кој освои 1.5 милијарди долари

Се појави добитникот на американската лотарија кој освои 1.5 милијарди долари

Добитникот на американската лотарија “Мега милиони”, кој освои 1.5 милијарди долари во октомври, конечно по пет месеци се јавил на надлежните, со барање да се исплати сума во готово од околу 877 милиони долари, соопшти Комисијата за лотарија на Јужна Каролина.

Победникот сакаше да остане анонимен, а официјалните лица го нарекоа само “Јужнокаролинецот”.

Тој можеше да избере дали ќе му се исплати џекпотот од 1,5 милијарди долари на 29 годишни рати или веднаш во готовина во износ од 877 милиони долари.

Тој ја одбра втората опција, што е најголемата исплата за џекпот во историјата на САД, рече Националната комисија за лотарија.

Местото каде што е продаден среќниот билет ќе добие награда од 50.000 долари, а државата Јужна Каролина ќе има приход од 61 милиони долари за данок на доход од добивката.

Тикетот беше продаден во октомври, а победникот имаше рок до 19 април да ја пријави добивката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП