2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали ММР вакцините предизвикуваат аутизам? По истражувањето кое траело 10 години, сега...

Дали ММР вакцините предизвикуваат аутизам? По истражувањето кое траело 10 години, сега конечно јасно е се!

Вакцината за мали сипаници, заушки и рубеола не предизвикува аутизам, според една нова студија која беше спроведена со намера да ги убеди оние кои се сомневаат во оправданоста за вакцинација, пишува англискиот “The Guardian”.

Сомневањата за вакцината за ММР беа иницирани од страна на гастроентерологот Ендрју Вејкфилд, кој во 1998 година постави хипотеза дека вакцината е поврзана со аутизам. Симптомите на аутизмот често почнаа да се манифестираат во времето кога вакцината е примена, кога детето е на возраст од 12 до 15 месеци.

УНИЦЕФ неодамна предупреди дека бројот на случаи на мали сипаници во светот се зголемил до шокантен степен, а епидемијата се шири меѓу децата кои не биле вакцинирани. Светската здравствена организација вели дека не-вакцинацијата е една од 10-те најголеми закани за светското здравје.

Една статија во списанието “Annals of Internal Medicine”, објавено од страна на Американската медицинска асоцијација, напишале дека дански истражувачи, кои, исто така, спровеле едно од клучните истражувања за да се покаже дека не постои поврзаност меѓу вакцините и аутизмот. Нивната најнова студија вклучува 6.517 случаеви на аутизам, најголем број  досега, а спроведена е меѓу 650.000 деца во Данска, каде што ги следеле 10 години.

Др. Андерс Петар Хвид од Statens Serum Институтот во Копенхаген, рече: Оваа студија од 2002 година беше објавена пред 16 години во списанието “New England Journal of Medicine”, но не се елиминирала идејата дека вакцините предизвикуваат аутизам.

Истражувачите имале намера да се справат со некои од критиките на противниците на вакцинација, како што се тврди дека некои групи на деца се склони кон аутизам по ММР вакцинација. Научниците ги анализирале децата со блиски роднини кои се аутистични и оние со зголемени фактори од ризик за аутизам, како што се постарите родители.

Тие, исто така, го зеле во предвид прашањето дали имало повеќе деца со аутизам кои примиле други форми на вакцини пред оваа ММР вакцина. Противниците на ММР вакцината, исто така, утврдиле дека постои “група” на регресивна форма на аутизам што е предизвикана од вакцинацијата, што не се појавува во истражувањето на целото население.

-Сите овие теории се тестирани во ова истражување и се покажаа како неточни, рече Хвид.

– Не пронајдовме ниедна потврда за хипотезата за зголемен ризик од аутизам по вакцинација против ММР на данските деца, нема потврда за хипотезата дека ММР вакцината предизвикува аутизам кај подложни подгрупи кои се карактеризираат со семејни и ризични фактори во средината, и нема потврда за групирање на случаи на аутизам во специфичен временски период по вакцинацијата со ММР вакцината, се вели во научниот труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП