18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за „Женското лидерство во областа на безбедноста“

Конференција за „Женското лидерство во областа на безбедноста“

Конференција на тема „Женското лидерство во областа на безбедноста“ ќе се одржи денеска на Факултетот за безбедност во Скопје.

Како што е најавено, конференцијата ќе ја отвори министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а ќе говорат и претседателката на Комора за обезбедување на РСМ, Верица Милеска Стефановска, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, претставници на UN WOMEN во земјата, деканот и продеканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и доц. д-р Марјан Ѓуровски, претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Македонски полициски синдикат, Дирекција за заштита и спасување и други институции од земјата.

Целта на конференцијата е преку учество на раководители и експерти од областа на безбедноста да се детектираат предностите и слабостите на женското лидерство во безбедносните органи и институции во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП