19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛажен пилот фатен по 20 години летање

Лажен пилот фатен по 20 години летање

Пилот кој повеќе од 20 години летал авиони без дозвола, е откриен неодамна кога минувал низ воздушниот простор на швајцарија и правел некои невообичаени маневри.

Според британски “Мирор”, Вилијам Чендлер во текот на својата долга кариера летал со лажни документи се додека јужноафриканската авиокомпанија не му ја одзела пилотската лиценца.

Според пишувањето на јужноафриканскиот медиум “Меил Гардијан”, компанијата “SAA” открила лажни документи додека го истражувала инцидентот што се случил во ноември минатата година кога авионот на летот SA206 од Јужна Африка до Франкфурт кој поминувал низ швајцарскиот воздушен простор.

Излегува дека Чендлер, копилотот на летот, тогаш управувал со авионот, кој неколку пати чудно се движел.

“Никој  овој маневар не го разбра. Кога тие слетаа веднаш напишаа извештај. Наводно, овие маневри предизвикале и проблеми на авионот”, изјави извор запознаен со ситуацијата, додавајќи дека компанијата започнала истрага.

Чендлер инаку одбил унапредување во капетан, бидејќи тоа би значело дека тој повторно треба да го полага летачкиот испит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП