Јавното признание за допинг, проблематичниот американски велосипедист Ленс Армстронг, може да го чини милиони долари, сметаат американските правни експерти.
Се проценува дека Армстронг во текот на неговата кариера заработил околу 150 милиони долари, меѓутоа на гостувањето во емисијата на Опра Винфри, тој призна дека поради долгогодишниот допинг го очекуваат низа судски тужби.
Компанијата „SCA Promotions“, веќе најави дека ќе го тужи доколку не и врати 19 милиони долари, сума која му беше доделена како награда за неговата победа на „Тур де Франс“. Тужба споменува и компанијата „Tailwind Sports“
„Повеќето адвокати сигурно го снимиле гостувањето на Армстронг во емисијата на Опра. Јавното признание дефинитивно ќе ја отежне неговата позиција“, вели Џефри Рап, професор по право на Универзитетот во Толедо.
Директорот на Светската анти-допинг агенција, Дејвид Хофман, изјави дека Армстронг за своите допинг измами треба да сведочи под заклетва, доколку сака да се укине доживотната забрана за настапувања.