6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕДИА ТРЕНДОВИ ЗА 2019: Инфлуенсери на друштвените мрежи

МЕДИА ТРЕНДОВИ ЗА 2019: Инфлуенсери на друштвените мрежи

Инфлуенсерите на социјалните мрежи имаат се поголемо внимание, а повеќето од нив имаат повеќе следачи од некои помали нации. Од друга страна пак, трендот на микро-инфлуенсери е во пораст. Луѓето со добар углед кои се значајни за пазарот се нарекуваат микро-инфлуенсери. Тие обично имаат помалку од 10.000 следачи, но сепак имаат големо влијание на пазарот.

Бидејќи се работи за експерти во својата област, нивниот глас е важен за публиката на која и ја пружаат услугата. Преку нив компаниите можат директно да им се обратат на малите сегменти и да иницираат одлука за купување. Комбинирајќи 20 до 30 микро-инфлуенсери, компаниите можат да креираат успешна маркетинг кампања без да потрошат премногу средства.

Од друга страна, колку повеќе брендовите почнуваат да вложуваат во маркетинг ангажирање на инфлуенсери, се поголема е побарувачката за следење на успехот од нивните кампањи. На пазарот е достапен голем број на алатки кои помагаат не само да се следи повратот на средства од маркетинг ангажманот на инфлуенсерот, туку и да се утврдат вистинските инфлуенсери за пристап на одреден бренд.

Во 2019 година, UTM параметрите за следење на повратот на вложените средства од маркетинг ангажманот на инфлуенсерот ќе биде од клучно значење. Тоа подразбира означување на било какви дојдовни конекции на вашиот вебсајт, кој им го давате на инфлуенсерите како CTA (call-to-action). Прикажувањето на изворот, медиумот и името ќе ви помогнат да следите од која конкретна кампања е направен сообраќај на вашиот вебсајт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП