26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтавате рака кога ќе кивнете? Тоа е голема грешка!

Ставате рака кога ќе кивнете? Тоа е голема грешка!

Се чини дека сите сме погрешно научени. Кога киваме, устата и носот треба да бидат покриени со шамивче, по можност хартиено, еднократно, кое веднаш можеме да го фрлиме.

Дали некогаш сте се обиделе да го спречите кивањето?

Ако е да, знате дека тоа не функционира добро. Се работи за рефлексна реакција на организмот за исфрлање на токсини. Покрај тоа, многумина од нас инстинктивно ја покриваат устата со раце, за да не исфрлиме микробите во околината.

На крајот на краиштата, така нè научиле од мали нозе, тоа е нешто како добро однесување во друштво. Меѓутоа, ако на доктор Винсент Хил може да му се верува, таквата навика треба да се промени.

Кога имаме потреба да кивнеме, треба да ја покриеме устата и носот со шамивче, по можност хартиено, и веднаш да го фрлиме.

Ако кивнете во вашите раце, на пример во јавен транспорт, на работно место или некаде другде, можете лесно да пренесете вируси и бактерии на други луѓе околу вас, бидејќи со раката ќе ги пренесете на други површини.

За среќа, решението е едноставно. Дури и ако немате хартиено марамче, употребете она што го имате. На пример, најдобриот избор е да кивнете во ракав.

Се разбира, не заборавајте ни тогаш да ги измиете рацете, а добра идеја е со сапун да ја измиете и површината околу вашата уста, особено ако планирате да се бакнете со дете, брачен партнер или трета особа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП