23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските компании минатата година инсталирале рекорден број роботи

Американските компании минатата година инсталирале рекорден број роботи

Американските компании имаат инсталирано повеќе роботи минатата година од кога и да било порано, бидејќи поевтини и пофлексибилни машини можат да си дозволат се повеќе и повеќе компании, а нивната цел се проширува на повеќе и повеќе области надвор од нивната традиционална позиција како фабриките за автомобили.

Минатата година во САД беа испорачани 28.478 роботи, што е за речиси 16 отсто повеќе отколку во 2017 година, според податоците објавени во четвртокот од страна на Мичигенската асоцијација за унапредување на автоматизацијата.

Испораките се зголемиле во речиси сите сектори, освен во автомобилската индустрија, каде што производителите ги намалија нарачките, бидејќи обезбедија големи количини алатки потребни за производство на нови модели на камиони.

Другите сектори процветаа, па испораките во прехрамбените и потрошувачките компании се зголемија за 60 отсто во споредба со претходната година. Испораката на производителите на полупроводници и електроника беше повисока од 50 отсто, додека испораките на производители на метал се зголемиле за 13 отсто.

Потребата за автоматизација расте, бидејќи компаниите се обидуваат да ги намалат трошоците за работна сила. Многу компании кои размислуваат за враќање на работењето со странство како одговор на трговската војна од страна на властите на Трамп, би можеле да ја сметаат автоматизацијата за најдобар начин да останат конкурентни.

Боб Дојл, потпретседател на Асоцијацијата за подобрување на автоматизацијата, рече дека автоматизацијата се движи во поширока насока од нејзините традиционални почетоци – од фабриките за склопување автомобили и други големи производители до магацини и помали фабрики.

“Прехранбената индустрија навистина почнува да се издигнува како пазар за автоматизација”, вели директорот за продажба и маркетинг во Kawasaki Robotics Дан Хесли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП