25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската економија, исто така, продолжува да страда

Швајцарската економија, исто така, продолжува да страда

Конјунктурениот барометар „KOF“ – краткорочен индикатор за бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија – повторно е намален во февруари, водејќи сметка за слабеењето на конјуктурата на алпската земја.

Барометар, пресметана од центарот за конјунктурени студии „KOF“ на Федералната политехничка школа во Цирих, се намалил за 3,8 процентни поени до 92,4 поени, отстапка веќе петти месец по ред.

„Неодамнешниот континуиран тренд кон пад продолжува упорно“, се вели во соопштението на Институтот.

Неговите истражувачи стигнале до заклучок „дека следствено швајцарската економија се очекува да се соочи со послаба конјуктура во наредните месеци“.

Новиот пад во февруари се должи во голема мера на индустријата, особено машинството и електричната индустрија, дополнуваат експертите од „KOF“. Тие истакнуваат особено влошувањето на очекувањата за нарачки и бизнис климата. Но влошувањето на економската клима влијаат и други компоненти од барометар, како градежниот сектор, каде архитектите пројавуваат поголема претпазливост за идните градби.

Швајцарија, која е голем извозник, имаше одржлив раст до крајот на првата половина на минатата година благодарение на светскиот подем. Во третиот квартал, сепак нејзиниот БДП нагло се намали, по што повторно се врати кон умерен раст во последните три месеци од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП