4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи ќе започне проект за изградба на нови капацитети за соларна енергија

Дубаи ќе започне проект за изградба на нови капацитети за соларна енергија

Дубајската агенција за електричната енергија и водата (DEWA) разгледува барање за изградба на проектот за генерирање на 900 мегавати соларна енергија, кој ќе биде сместен во соларниот парк на шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум, кој се наоѓа на 50 километри јужно од градот Дубаи, соопштува „Renewable Now“.

„DEWA“ има намера да ја купува електричната енергија произведена од овој проект при потпишување на долгорочен договор за тргување.

Крајниот рок за прифаќање на барањето за квалификацијата е 31-ви март.

Регионот од Блискиот Исток развива многу проекти за обновлива енергија во последниве години. Неодамна стана јасно дека компанијата која е сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), „Emirates Water and Electricity Company“ (EWEC) е заинтересирана за реализација на соларен проект со капацитет од 2 гигавати во градот Ал Дафра.

Во март 2018-та година „Mercom“ објави дека соларниот парк на шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум може да се претвори во најголемиот објект за производство на соларна енергија во светот, базиран на моделот за независен производител на електрична енергија.

Соларниот парк ќе генерира 1.000 мегавати електрична енергија до 2025-та година и 5.000 мегавати до 2030-та година кога проектот биде завршен. Тој се очекува да снабдува над 270.000 жители во Дубаи и да елиминира 1,4 милиони тони емисии на јаглерод диоксид годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП