22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Неспособноста на Италија да го намали долгот претставува ризик за Европа

ЕУ: Неспособноста на Италија да го намали долгот претставува ризик за Европа

Европската комисија објави ново остро предупредување против Италија, посочувајќи дека огромниот долг на земјата и нејзиното постојано послабо производство создаваат ризици и за другите земји во регионот.

Додека не го користи зборот „наезда“, ЕК се фокусираше на тоа како италијанските проблеми можат да влијаат на другите. Брисел, исто така, истакнува дека стапката на долг кон БДП-то, е повеќе од двојно повеќе од европското ниво, а не се очекува да се намали. Исто така од страна на Комисијата упатуваат и критики за тоа дека со новиот буџет Владата укинува некои „важни реформи“, соопштува „Bloomberg“.

„Италија бележи прекумерни нерамнотежи“, вели ЕК во годишната оценка за економската и социјалната ситуација во земјите членки. „Високиот државен долг и одржливата слаба динамика на производство подразбираат ризици со прекуграничните импликации“.

Третата по големина економија во еврозоната влезе во рецесија кон крајот на минатата година, по намалувањето на два последователни квартали. Во декември популистичка влада на премиерот Џузепе Конте постигна договор со Брисел за овогодинешниот буџет, откако се согласи да ги намали зададените вредности за дефицитот и прогнозите за економски раст.

Владата се надева да постигне намалување на долгот за 130,7% од бруто домашниот производ во оваа година и до 129,2% во 2020-та година, а горната граница на ЕУ е 60%.

Приносот по италијанските државни хартии од вредност се намали по објавувањето на извештајот, а тие на 10-годишните обврзници достигна 2,74%.

Во средата други докази излегоа во позицијата на Италија како „слаба точка“ во еврозоната. Економските чувства во земјата покажуваат позначителен пад во февруари, во услови на поумерени падови за валутниот блок.

Несигурноста околу плановите на популистичка влада во Рим доведе до „побавен економски раст“ и е огромна улога врз прогнозите за поширокиот регион во еврозоната, изјави потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис во интервју за „Bloomberg“.

На крајот на минатата недела рејтинг агенција „Fitch Ratings“ објави дека го задржува италијанскиот суверен кредитен рејтинг на ниво „БББ –“ две оценки над „ѓубре“, а прогнозата исто останува негативна.

Агенцијата исто така предупреди и за исклучително високите нивоа на јавен долг, а освен тоа недостатокот на структурни фискални приспособувања продолжува да претставува ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП