27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалканците се хит во НБА

Балканците се хит во НБА

Играчите од просторите на поранешна Југославија Лука Дончиќ, Бојан Богдановиќ, Богдан Богдановиќ и Јусуф Нуркиќ блескаа синоќа во НБА лигата.

Далас Маверикс забележаа победа над Индијана Пејсерс 110:101. Дончиќ погоди две тројки во финишот со кои го реши победникот, а мечот го заврши со 26 поени и 10 скока и 7 асистенции. Индијана ја предводеше Хрватот Богдановиќ со 22 поени.

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ беше најдобриот играч на Сакраменто Кингс во драматичниот пораз од најдобриот тим во лигата Милвоки Бакс.

Во поразот 141:140 Богдановиќ забележа 28 поени и по осум скока и асистенции. Кај Милвоки се истакна Ерик Бледсо со петтиот трипл-дабл во кариерата (26 поени, 12 скока и 13 асистенции).

Портланд Трејлблејзерс победија во Бостон 97:92. Центарот на Портланд Јусуф Нуркиќ мечот го заврши со 16 поени, шест скока и три асистенции. Демијан Лилард за победниците постигна 33 поени, додека Кајри Ирвинг во четвртиот последовен пораз на Селтикс реализираше 31 поен.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Хјустон Рокетс 113:118
Атланта Хокс-Минесота Тимбервулфс 131:123
Бруклин Нетс-Вашингтон Визардс 116:125
Мемфис Гризлис-Чикаго Булс 107:109
Сан Антонио Спарс-Детроит Пистонс 105:93
Јута Џез-ЛА Клиперс 111:105
ЛА Лејкерс-Њу Орлеанс Пеликанс 125:119

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП