Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Брисел со воведување на царини, велејќи дека ЕУ мора да “игра според правилата” или ќе воведе “пеколни” царини.
– Европската унија е многу, многу цврста. Тие не дозволуваат нашите производи да влезат. Тие не дозволуваат увоз на нашите земјоделски производи”, рече Трамп на состанокот со американските гувернери, се вели во преписот од Белата куќа.
Тој додаде дека, “можеби на некој начин ЕУ е поцврста и од Кина”.
Трамп, исто така, ја обвини ЕУ дека наплаќа големи царини на американските автомобили, “додека ние не наплаќаме речиси ништо кога ги испраќаат нивните автомобили”.
Царинските давачки за увоз на автомобили изнесуваат 10%, додека тарифата на САД е 2,5%.
Вашингтон, сепак, ја охрабрува ЕУ да го вклучи земјоделството во преговорите, а Брисел одбива. Трамп има рок до средината на мај да одлучи дали да воведе нови тарифи, потенцијално да ги зголеми дури и на 25 отсто на увоз на автомобили во име на националната безбедност, а ЕУ се плаши дека тоа ќе се користи како потпора во преговорите.
-Се занимаваме со тоа. Ги информиравме дека треба правилно да ја играат играта. Ние им рековме:”Мора да се состанеме. Ако не сакате да се состанеме, ќе ви воведеме царини од пеколот – рече Трамп.