26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина загуби повеќе од 150 милијардери за една година

Кина загуби повеќе од 150 милијардери за една година

Сегашната криза на пазарите на капитал во Кина сериозно ги погоди супербогатите.

Бројот на милијардери во Кина, Тајван и Хонг Конг намали со 161 лица во текот на минатата година, се вели во извештајот на тема богатство, изготвен од страна на компанијата за истражување „Hurun Report“, пренесува „CNN“.

Кинеското лично богатство се стопи минатата година по падот на пазарите на капитал со над 25%, како и благодарение на поевтинувањето на националната валута – кинески јуани.

Кинескиот финансиски пазар настрада во 2018-та година поради стравувањата од забавување на економските и трговските спорови во земјата со САД. Аналитичарите очекуваат кинескиот економски раст да „удри“ минимално во оваа година.

Бројот на кинеските милијардери се намалува од 819 лица до 658 лица во 12-месечниот период, кој заврши на 31-ви јануари оваа година, покажуваат податоците на „Hurun“.

И покрај големата криза, земјата и понатаму е дом на повеќе милијардери од САД, каде што има 584 супер-богати луѓе. Во САД, тие пораснаа за 13 за истиот период, се вели во извештајот.

Меѓу најголемите губитници во Кина е Ма Хуатенг, извршен директор на гигантот „Tencent“, чие богатство се „стопи“ за 19% во минатата година, до 38 милијарди долари. Акциите на „Tencent“ биле погодени од регулаторната забрана на кинеските власти за многу игри на компанијата кои значително делуваат на нејзиниот приход.

Ванг Џианлин, шефот на „Dalian Wanda Group“ и некогаш најбогат човек во Кина, кај него е забележан пад на нето богаствотоа од цели 37%, до 17 милијарди долари.

Ванг, кој некогаш ја проширување империјата преку бенефиции низ целиот свет, се фокусира во последниве години во распродавање на имотот во странство – од недвижности до компании кои развиваат дејност во забавната индустрија.

Сепак, не сите кинески милијардери, сепак, ја испратија кошмарната 2018-та година.

Џек Ма, основачот на онлајн гигант на „ Alibaba“, бележи зголемување на богатство за повеќе од 20 отсто на 39 милијарди долари, што го прави најбогат човек во Кина. Голем дел од ова зголемување се должи на големиот пораст на вредноста на онлајн платежната филијала на „Alibaba“ – „Ant Ant Financial“.

Ма се уште е на огромна далечина од најбогатиот човек во светот – основачот на „Amazon“, Џеф Безос, и неговите 147 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП