20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираниот Lamborghini Huracan EVO Spyder (фото)

Редизајнираниот Lamborghini Huracan EVO Spyder (фото)

По „Coupe“ верзијата, „Lamborghini“ го подобри и „Huracan“ со отворен покрив.

„Huracan EVO Spyder“ ги доби истите стилски промени и технолошки подобрувања како и „Coupe“ верзија.

Потсетуваме, атмосферскиот 5.2-литарски „V10“ мотор сега произведува 640 ks при 8.000 вртежи, наместо 610 „коња“, колку што имаше основниот „Huracan Spyder“ кога тој се појави на пазарот пред неколку години.

Па така „Huracan EVO Spyder“ се изедначи според моќта на моторот со досега најмоќниот модел – „Huracan Performante“.

Обновената верзија располага и со поглем вртежен момент од 600 Nm, кој е достапен при 6.500 o/min.

Според фабричките податоци, масата на празно возило е 1.542 kg, a „Huracan EVO Spyder“ од 0 до 100 km/h забрзува за 3,1 секунди (за споредба, кај „EVO Coupe“ е 2,9 секунди).

Од место до 200 на час, автомобилот стигнува за 9,3 секунди, а максималната брзина изнесува 325 km/h.

Кога станува збор за движењето на платнениот покрив, тој се склопува/расклопува со притискање на копче во рок од 17 секунди, а оваа операција е возможна и во возење, но само до брзина од 50 km/h.

„Huracan EVO Spyder“ е поставен на 20 инчни алуминиумски бандажи и специјални „Pirelli P Zero“ гуми.

Препорачаната цена за овој автомобил (без да се смета данокот) во Европа изнесува 202.437 eвра.

Првото појавување пред публика, „Huracan EVO Spyder“ ќе го има на претстојниот саем за автомбили во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП