28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПодобрете ја ефикасноста на состаноците

Подобрете ја ефикасноста на состаноците

Многу деловни состаноци траат „вечно“ и не водат никаде поради неколку лица кои доминираат на нив. Според Лејла Томсон, професорка по менаџмент и автор на книгата „Креативна конспирација“ на типичен состанок на осум лица, само три лица ќе разговараат речиси 70 проценти од времето.

Ваквата ситуација целосно ја блокира комуникацијата, а Томсон нуди решенија кои можат да ве доведат до подобра заедничка работа.

Наместо секој да ја претстави својата идеја, подобро решение е секој да ја запише. Идеите треба да бидат анонимни, да се забрани претставувањето на нивниот креатор. Одредете кои идеи се најдобри и доделете ги на тимот. Оваа техника значително ќе придонесе за бројот на предлози и ќе создаде нова перспектива за предложените идеи.

За да ги спречите доминантните лица да ја преземат дискусијата прескокнете го говорот. Секој нека ја запише својата идеја на централната табла.

Работата во дефинирани групи заменете ја со самостоен труд на вработените на одредени задачи и подготовка на решенија, а потоа спојте ги сите резултати. Утврдено е дека ваквите групи значително ги надминуваат резултатите кои се постигнуваат за време на класичниот состанок.

Обидете се да воведете алтернативни структурни деловни состаноци како начин да се избегнат рутинските и да се дојде до нови подобри идеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП