5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ нема да ги менува каматните стапки

ЕЦБ нема да ги менува каматните стапки

ecb.

Европската централна банка во блиска иднина нема да ги менува каматните стапки, бидејќи економските услови и понатака се слаби, вели членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Беноа Кур.

„Различните невообичаени мерки кои ги превзема ЕЦБ со цел да го поддржи трансмисиониот механизам на монетарната политика во одделни сегменти на пазарот ќе остане на сила се додека тоа е потребно“, изјави Беноа, пренесува Франс Прес.

Проценките се дека економскиот раст во еврозоната и оваа година ќе остане слаб, додека инфлацијата ќе се задржи под нивото од два проценти.

На редовниот состанок на ЕЦБ на почетокот на овој месец, оваа институција ја задржа референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,50 проценти, додека претседателот на ЕЦБ Марио Драги, порача дека оваа банка е подготвена да делува со цел на економијата на еврозоната да и ја обезбеди инекцијата која и е потребна за ликвидноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП