26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Дејли мејл“: Зидан ќе работи во Италија

„Дејли мејл“: Зидан ќе работи во Италија

Зинедин Зидан е без работа од јуни минатата година кога поднесе неотповиклива оставка на тренерската функција во Реал иако на клубот му донесе три трофеи во Лигата на шампионите.

Не е тајна дека легендата на францускиот фудбал има понуди за работа, изминатите недели беше актуелна понудата од Челси, а се шпекулира дека имал контакти и со Манчестер јунајтед.

Сепак, Зидан нема да се пресели на Островот бидејќи, како што пишува „Дејли мејл“, одлучил да му биде тренер на Јувентус.

Зидан во Јувентус ќе го наследи Макс Алегри, кој наводно веќе им соопштил на клупските челници дека ќе отстапи од функцијата по завршувањето на сезоната.

Челниците на Јувентус биле сигурни дека со Зидан ќе успеат да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. Алегри во својот мандат двапати стигна до финалето и не успеа во дуелите со Барселона, односно Реал.

Инаку, Зидан во кариерата пет години, од 1996 до 2001 година, бил играч на Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП