29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзитот и односите со САД теми на состанокот меѓу Меркел и Макрон

Брегзитот и односите со САД теми на состанокот меѓу Меркел и Макрон

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска ќе се состане со францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за брегзитот, односите со САД и други европски прашања.

Денешната средба се одржува еден ден откако британската премиерка Тереза Меј рече дека на националниот парламент ќе му биде дадена шанса да гласа за одложување на излезот на Британија од ЕУ, кој беше закажан за 29 март. За вакво одложување ќе биде потребно одобрение од другите членки на Европската Унија, објави агенцијата АП.

Меркел и Макрон исто така ќе се посветат и на француско-германското партнерство во однос на одбраната, соопшти канцеларијата на францускиот претседател.

Во јануари годинава, двајцата лидери потпишаа договор за обновување на децениското пријателство на овие земји. Тие ветија дека ќе ја зголемат соработката во областа на надворешната и одбранбената политика, борбата против криминалот и тероризмот, како и меѓународниот развој и научните истражувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП