3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната сметка за 5G - 2,7 илјади милијарди долари

Глобалната сметка за 5G – 2,7 илјади милијарди долари

Трошоците од започнувањето и имплементацијата на „5G“ во сите сектори на економијата на глобално ниво се очекува да достигнат најмалку 2,7 илјади милијарди долари до крајот на 2020-та година, покажува истражувањето на финансиската куќа „Greensill“ кое беше претставено на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

Иако потребите на телекомуникацискиот сектор се проценуваат на 1.000 милијарди долари за инвестиции во обновување на инфраструктурата, самата имплементација во светската економија доаѓа со уште поголема цена – 1.700 милијадри долари за да се интегрира технологијата во производите, процесите и инфраструктурата на различните бизниси, вели „Mobile World Live“.

Дополнителни трошоци ќе бидат направени за нешта како хардвер, услуги, поврзување и софтвер, коментира Тони Вонфор од „Greensill“.

Извештајот, наречен „Финансирање на иднината на „5G““, наведува уште дека враќањето на операторите од „5G“ ќе се протегне во подолг период – 10-12 години. За споредба, за „4G“ овој период беше пократок – помеѓу 6 и 8 години. Одложувањето на „5G“ ги одразува повисоките нивоа на трошоци и фактот дека новата генерација на мрежи бара инсталација на повеќе физичка инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП