5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi претстви четири нови хибриди (фото)

Audi претстви четири нови хибриди (фото)

Германскиот премиум производител „Audi“ претстави четири нови „plug-in“ хибридни (PHEV) модели кои премиера ќе имаат во Женева.

Станува збор за „Audi Q5 TFSI e“, „Audi A6 TFSI e“, „Audi A7 Spotback TFSI e“, сите три се во две верзии „Comfort“ и „Performance“, како и „Audi A8 TFSI e“.

Сите модели се обележани со „TFSI e“ затоа што „e-tron“ ознаката е резервирана за целосно електричните модели.

Новите „PHEV“ модели добија турбо-бензински мотори со директно вбризгување кои работат заедно со електричен мотор кој е интегриран во трансмисијата.

Новиот „A8“ ќе биде единствениот кој ќе има погон на сите четири тркала.

Спортските верзии „Q5“, „A6“ и „A7“ имаат „S line“ екстерен пакет како стандард, благо подесена суспензија, динамично управување, спортски детали во ентериерот…

Батериите во новите хибриди имаат капацитет од 14,1 kWh која им овозможува на автомобилите автономија до 40 km само на струја, според новиот „WLTP“ протокол, но дометот ќе се разликува од модел до модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП